Голден стејт продолжува да победува без Кари, гостински триумф на Мајами

Вторник, 17 Апр 2018 | Прочитано 127 пати.

Голден стејт поведе со 2-0 против Сан Антонио откако синоќа славеше нов триумф, овој пат со 116:101, Мајами направи брејк кај Филаделфија каде победи со 113:103.


Голден стејт оствари уште една победа над Сан Антонио и тоа без повредениот Стеф Кари. Домаќините не почнаа најдобро и на полувремето имаа негатива од 47:53, но вториот дел го одиграа многу подобро и на крајот славеа со 116:101.

Кевин Дурент постигна 32 поени, Клеј Томпсон имаше само поен помалку, во составот на Сан Антонио Алдриџ реализираше 34.


Мајами оствари гостинска победа кај Филаделфија и изедначи на 1-1, триумф кој на крајот може да се покаже и како клучен во серијата. Мајами доби само една четвртина, втората со 34:13, направи 21 разлика за 10 минути која потоа беше недостижна за домаќините.

Двен Вејд со 28 поени беше најефикасен во составот на Мајами, Симонс постигна 24 поени за Филаделфија.

[назад]
loading...
Коментари