Голден Стејт се мачи без Кари, пораз на шампионот кај ЛА Клиперс
„Воините" го забележаа вториот пораз во три меча, утрово Голден Стејт загуби на гостување кај ЛА Клиперс со 121-116.
Шампионот се мачи без Стеф Кари, по поразот дома од Милвоки, Голден Стејт сега загуби и на гостувањето во „Стејплс Центар“.
ЛА Клиперс водеа цел натпревар, на почетокот од последната четвртина дури имаа и +14, а со двоцифрена предност влегоа и во последните шест минути од мечот.
Но тука застанаа, „Воините“ предводени од Томпсон кој постигна осум поени во овој период, од кои две тројки, направија серија од 11-0, изедначија на 106-106 и се изборија за продолженија.
Томпсон и во додатните пет минути беше незапирлив и го одржуваше Голден Стејт во игра, но и тој остана без муниција во последните мигови па ЛА Клиперс триумфираше со 121-116.
Томпсон мечот го заврши со 31 поен, додека пак Кевин Дурант забележа трипл-дабл учинок од 33 поени, 11 скокови и 10 асистенции, но на стартот од продолжението ја заработи личната грешка број 6 и не можеше да помогне кога беше најпотребно.
Во редовите на ЛА Клиперс, резервистот Лу Вилијамс беше прв играч со 25 поени.
НБА резултати:
Вашингтон - Орландо 117:109
Мајами - Филаделфија 114:124
Торонто - Њу Орлеанс 110:126
Чикаго - Далас 98:103
Мемфис - Јута 88:96
Минесота - Бруклин 120:113
Оклахома - Феникс 118:101
Сакраменто - Сан Антонио 104:99
ЛА Клиперс - Голден Стејт 121:116
пред: 2 дена
пред: 4 дена
пред: 2 дена