Голема промена во Англија: ФА се откажува од долгогодишната традиција поради муслиманите

Среда, 24 Апр 2019 | Прочитано 152 пати.

Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да го укине традиционалното наградување на освојувачот на ФА Купот со шампањ од почит кон верските убедувања на дел од фудбалерите, пишува „Дејли мејл“.

Управувачкото тело на фудбалот во Англија има долгогодишна традиција да остави шампањско во соблекувалната на екипата освојувач на најстарото куп натпреварување како честитка.

Меѓутоа, интерните разговори во асоцијацијата доведоа до тоа традиционалниот гест да се укине поради религиозните играчи на кои им е забрането да пијат алкохол.

Сцените кога играчите во еуфорија слават прскајќи шампањ во соблекувалните станаа вообичаена појава во последните години, што предизвикува непријатност кај фудбалерите од исламска вероисповест.

Поради тоа во ФА одлучија во соблекувалните во иднина да ставаат безалкохолен шампањ со цел играчите да можат повторно да слават на идентичен начин, без да навредат никого.

Финалето од годинешното издание на ФА Купот се игра на 18. мај, а силите ќе ги одмерат Вотфорд и Манчестер Сити.

Абдулае Дукуре од Вотфорд, како и Ријад Марез, Бенжамин Менди и Илкај Гундоган кај „Граѓаните“ се фудбалери кои се декларираат како муслимани.

Инаку, во Премиер лигата уште од 2012. година не се делат шампањи откако играчите од исламска вероисповест одбија да ги земаат шишињата со алкохол.

[назад]
loading...
Коментари