Хабиб и другарите во опуштена атмосфера со пица гледаат реприза од борбата (ВИДЕО)

Недела, 07 Окт 2018 | Прочитано 2,736 пати.


Хабиб Нурмагомедов во опуштена атмосфера, во друштво со пријателите и парче пица реши да ја прегледа својата голема победа над Конор Мекгрегор на УФЦ 229.


Утрово во Лас Вегас се одржа најголемата борба во историјата, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мегрегор влегоа во октагонот.


Русинот излезе како поуспешен, но сите зборуваат за она што се случи по крајот, кога Хабиб скокна за да се пресмета со луѓето од придружбата на Мекгрегор, а во исто време неговите пријатели влегоа во кафезот и го нападнаа Ирецот.


Неколку часа по случувањата, Нурмагомедов реши во опуштена атмосфера, во друштво со пријателите и пица да ја прегледа својата голема победа на УФЦ 229.


[назад]
loading...
Коментари