Харден со уште еден трипл-дабл го предводеше Хјустон до нова победа против Јута

Четврток, 18 Апр 2019 | Прочитано 364 пати.

Екипата на Хјустон стигна до нова рутинска победа против Јута од 118:98 и поведе со 2:0 во серијата од  Западната конференција во плеј-офот.


„Ракетите“ водеа од самиот старт, па се до крајот на средбата и во ниту еден момент не беше доведена во прашање нивната победа.


Хјустон уште еднаш беше предводен од Џејмс Харден кој натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок. „Брадата“ уфрли 32 поени на кои надополни 13 скокови и десет асистенции и така го запиша својот трет трипл-дабл во плеј-офот во кариерата.


Освен Харден, расположен за игра беше и Крис Пол кој запиша 17 поени. Кај противничкиот тим Рики Рубио постигна 17 поени на кои додаде и девет асистенции.


Милвоки запиша нова очекувана победа против Детроит Пистонс со 120:99 и стигна до предност  од 2:0 во серијата. Пистонски се заканија само во втората четвртина која ја добија со 32:20, а во останатите апсолутно доминираше тимот на Милвоки.


Ерки Бледсо постигна 27 поени, додека расположен беше и Крис Мидлтон кој запиша 24 поени. Кај Детроит се истакна Андре Драмонд со 18 поени и 16 скокови.


И Бостон поведе со 2:0 во четвртфиналната серија од Источната конференција против Индијана. Селтикси со пресврт, носени од Кајри Ирвинг и Џејсон Татум славеа победа од 99:91.


Ирвинг натпреварот го заврши со 37 поени, додека Татум забележа 26 уфрлени кошеви. Во Индијана се истакна Бојан Богдановиќ со 23 постигнати поени.

[назад]
loading...
Коментари