Индијан Велс: Венус ја надигра Серена

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 147 пати.

Дуелот на сестрите Вилијамс привлече најмногу внимание на мастерсот во Индијан Велс. Третото коло го мина постарата сестра Венус која ја победи Серена 6:3, 6:4 по 87 минути игра.


Венус одигра солидно во првиот сет, максимално го користеше лошото движење на Серена. Единствениот брејк во првиот сет Венус го направи во шестиот гем.


Вториот сет започна со подобра игра на Венус, која со два брејка стигна до водство 3:0, потоа Серена се доближи на 3:2. Следуваше периодт во кој двете освојуваа по два гема, при резултат 5:4 Венус сервираше за победа, успеа да спаси една брејк топка и потоа го заврши мечот.


Дуелот на сестрите во Калифорнија беше прв по финалето на Австралија опен во 2017 година кога победи Серена. Вкупно сестрите досега имаат 29 меча, а води Серена 17:12.


Венус Вилијамс во четвртото коло ќе игра против Летонката Анастасија Севастова која со 6:3, 6:3 ја елиминита Германката Јулија Гергес.


Покрај мечот Венус Вилијамс-Севастова во четвртата рунда уште ќе се играат мечевите: Халеп-Ванг, Осака-Сакари, Анисимова-Плишкова.


[назад]
loading...
Коментари