Интер се надева дека Модриќ ќе го убеди Перез да го пушти во Италија!

Петок, 03 Авг 2018 | Прочитано 122 пати.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека Лука Модриќ може да замине во Интер само ако италијанскиот клуб плати 750 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула, но некои веруваат дека се уште постои можност да се случи сензационалниот трансфер.


Лука Модриќ во моментов се уште е во Сардинија на одмор, треба да се врати утре во Мадрид и да ги почне подготовките за новата сезона.


Дел од италијанските новинари веруваат дека трансферот на Модриќ во Интер може да се реализира и покрај изјавата на Перез.


 Тие го потенцираат одличниот однос на Лука Модриќ со Флорентино Перез и велат дека ако фудбалерот побара да ја смени средината ќе добие зелено светло.


 Модриќ со Перез би постигнале некој џентлменски договор за Хрватот да ти замине за пристојна сума која ќе може да ја плати Интер.


 Но и покрај ваквата надеж на Италијанците, ретко кој верува дека Модриќ во овој преоден рок ќе го направи тој трансфер од Реал Мадрид во Интер. Останува да видиме.

[назад]
loading...
Коментари