Извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија

Четврток, 13 Сеп 2018 | Прочитано 303 пати.

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија.


Актуелниот бранител на трофејот, Шкендија ќе игра против второлигашот Кит Го кој претходно направи големо изненадување елиминирајќи го Шкупи. Вардар ќе излезе на мегдан со Македонија Ѓорче Петров.

Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 19. септември, реваншите се на 10. октомври.

Куп на Македонија осминафинале:

Шкендија - Кит Го
Вардар - Македонија Ѓорче Петров
Тиквеш - Работнички
Гостивар - Победа
Пелистер - Беласица
Скопје - Силекс
Брегалница - Академија Пандев
Кораби - слободен

[назад]
loading...
Коментари