Јута на чекор до плеј-офот

Вторник, 02 Апр 2013 | Прочитано 128 пати.

Јута го совлада Портланд и оствари значајна победа во обидот да го освои осмото место на Западот и да се пласира во плеј-офот. Со оваа победа „џезерите“ имаат еден триумф повеќе од директниот конкурент ЛА Лејкерс. Триумф пред своите фанови, и тоа 50-ти оваа сезона, не успеаја да забележат Клиперси, кои во „Стејплс“ центарот беа совладани од Индијана со 109:106. Рој Хиберт со 26 поени и десет скокови и Пол Џорџ со 23 поени и десет асистенции беа кобни за Клиперси, кај кои Џамал Крафорд имаше 25 поени од клупата.


Резултати на ноќешните натпревари: Јута - Портланд 112:102, Торонто - Детроит 98:108, Атланта - Кливленд 102:94, Милвоки - Шарлот 131:102, Мемфис - Сан Антонио 92:90, Хјустон - Орландо 111:103, Минесота - Бостон 110:100 и Лос Анџелес Клиперс - Индијана 106:109. Двојки за вечерва: Вашингтон - Чикаго, Мајами - Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс - Далас. 


Пласман Источна конференција: Мајами 58-15 (победи-порази), Индијана 48-27, Њујорк 46-26, Бруклин 42-31, Атланта 42-33, Чикаго 40-32, Бостон 38-36, Милвоки 36-37,... Пласман Западна конференција: Сан Антонио 55-19, Оклахома Сити 54-20, Денвер 50-24, Лос Анџелес Клиперс 49-26, Мемфис 50-24, Голден Стејт 42-32, Хјустон 41-33, Јута 39-36, Лос Анџелес Лејкерс 38-36,...

[назад]
loading...
Коментари