КЛ7 Струга е кадетски шампион на Македонија

Четврток, 06 Јун 2019 | Прочитано 208 пати.

КЛ7 Струга е новиот шампион во кадетска конкуренција во организација на Ракометната федерација на Македонија на турнирот кој вчера се одржа во Струга.


Нашите кадети по победата над фаворитот Вардар во полуфиналниот натпревар, во борбата за шампионскиот трофеј за противник го имаа минатогодишниот финалист РК Прилеп.


Натпреварот започна со игра гол за гол се до 13. минута кога Прилеп дојде до предност и до четири погодоци 5:9. Но тоа беше се што направија „гостите“, потоа следеше период на доминација на нашите момци, успеаа со серија со 12:4 да го свртат целиот натпревар и да дојдат до предност од четири погодоци. РК Прилеп успеа да постигне три брзи погодоци и да замине на полувреме само со еден погодок негатива, 17:16


Второто полувреме започна со четвртото израмнување на натпреварот 18:18. Кога очекуваме дека ќе следиме неизвесен натпревар, КЛ7 Струга се погрижи многу рано да го реши победникот. Во 39. минута дојдовме до осум погодоци предност, а во 45. минута дојдовме и до максимални десет погоди предност, предност што успеавме да ја одржиме до крајот на натпреварот.


Многубројната публика имаше можост да ги поздрави и нашите повозрасни херои кои во последните минута им дадоа шанса и на многу помлади пионери да го „почувствуват“ вкусот на една финална завршница.


Најдобар стрелец на натпреварот беше Симоноски со дури 13 погодоци, по него Гучевски постигна девет, додека Џигероски го заврши натпреварот со шест погодоци. Повторно свој ден на голот имаше Петрески кој за момент беше нерешлива енигма за РК Прилеп.


КЛ7 Струга – РК Прилеп 39:32 17:16


КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски, Дуноски, Д. Џигероски 6, Негриески 2, Гучески 9, Христоски, Шулески 2, Симоноски 13, Бошески, Ѓорговски 1, Стојков 5, Н. Стрезоски 1, О. Стрезоски, Н. Џигероски.


Седмерци: 3/2 Исклучувања: 4 мин.


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари