Кливленд го „уништија“ со 25 разлика, Леброн не мрдна од 15 поени!

Понеделник, 14 Мај 2018 | Прочитано 138 пати.

Бостон влезе фуриозно во финалето на Истокот од НБА-лигата, совладувајќи го Кливленд со 108-83.


Леброн Џејмс и неговите соиграчи, охрабрени од успешната претходна серија, со Торонто, најавија победа и во „Ти-Ди гарден“, меѓутоа кога излегоа таму гледаа друг филм. Бостон ја доби првата четвртина со двојна разлика, 36-18, а продолжи да гази и до крајот на полувремето кога резултатот гласеше 61-35.


Кливленд шутираше со очајна реализација од 36 проценти, а особено лош беше за три поени, погодувајќи само четири тројки од 26 обиди. Леброн Џејмс постигна само 15 поени, на кои додаде девет асистенции и седум скока, а поефикасен од него кај Кавалирс беше само Кевин Лав со 17.



Во тимот на Бостон предводеа Браун, Морис и Хорфорд со 23, 21 и 20 поени, соодветно. Вториот натпревар се игра исто така во Бостон утревечер.

[назад]
loading...
Коментари