Клоп одговори зошто Шаќири нема да игра во Белград

Понеделник, 05 Ное 2018 | Прочитано 96 пати.

Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири, ги провоцираше српските навивачи пред гостувањето во Белград, па тренерот Јирген Клоп реши да преземе нешто.

Германецот не сакаше фудбалскиот спектакл да го претвори во политички скандал, па поради тоа го остави Шаќири во Ливерпул.

    „Одиме во фантастичниот град Белград. Таму одиме како фудбалски тим за да играме фудбал. Читавме и слушавме шпекулации за тоа каков пречек се подготвува за Шаќири, па поради тоа ќе остане во Ливерпул бидејќи не сакаме политички скандал“, вели Клоп.

Инаку, Шаќири наводно ја прифатил одлуката на Клоп и ќе остане на „Енфилд“ додека неговите соиграчи ќе се борат со Црвена Звезда на „Маракана“.

[назад]
loading...
Коментари