Кои се новите рекорди што ги постави Вардар

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 51 пати.

Македонскиот ракометен шампион Вардар продолжува да руши рекорди на регионалната сцена. Најновиот го постигнаа на полуфиналниот меч против Мешков од Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Триумфот 33-24 на „црвено-црните” е највисок досега на сите Ф4 турнири.


Досегашниот рекорд беше триумф со осум голови, што го имаат „црвено-црните“ во два наврата, а еднаш ова достигнување го има забележано и ППД Загреб.


Воедно, ова беше и 18 триумф на 19 натпревари во една сезона што претставува рекорд.


„Црвено-црните“ соборија уште еден рекорд. Тие се единствен тим што има над 100 победи во СЕХА лигата – вкупно се со 110 триумфи.


Вардар е првиот тим во СЕХА Газпром лигата што успеал да го заврши регуларниот дел од сезоната со 17 победи. Истовремено Вардар е нов рекордер по бројот на освоени бодови, 52 во регуларниот дел од СЕХА лигата.


Трикратниот СЕХА шампион е единствениот тим што има обезбедено настап на ѓест финалиња од седум досегашни турнири. Единствениот пат кога македонскиот првак не се бореше за трофејот беше турнирот во Веспрем.


Вардар утре во финалето ќе игра со ППД Загреб со почеток во 20:15 часот.

[назад]
loading...
Коментари