КУП: Лабуништа домаќин на Охрид во првата пресметка во 1/8 финалето

Вторник, 24 Сеп 2019 | Прочитано 330 пати.

Утре (среда), на Градскиот стадион во Струга со почеток во 15 часот и 30 минути во рамките од 1/8 финалето во Купот на Македонија силите ќе ги одмерат екипите на Лабуништа и Охрид.



Квалитативно оваа пресметка не е интересна за разлика од другите, но локалното ривалство помеѓу двата клубови ја прави привлечна.


Тимот на Лабуништа е голем фаворит во Куп дуелот со Охрид, кој се уште ја бара формата во Втората лига. „Црно белите“ одат според планот и сезонава повторно ќе се замешаат во борбата за местата кои водат во елитата.



На охриѓани не им одат „математиките“ во Втората лига и после пет одиграни мечеви имаат исто толку порази. Но за „рибарите“ вреди да се истакне дека позитивниот имплус дојде од Купот кога на домашен терен ја елиминираа Беласица после изведувањето на пеналите.




Утрешниот меч во Купот ќе биде генерална проба за пресметката во Втората лига која ќе се одигра во Охрид на 28 септември.


Куп 1/8 финале:


Лабуништа – Охрид


Вардар – Шкендија


Шкупи – Силекс


Борец – Струга Трим Лум


Академија Пандев – Осогово


Пелистер – Работнички


Брегалница – Македонија Ѓорче Петров


Тиквеш – Ренова


Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари