Лабуништа е хитот кај второлигашите, 14 натпревари по ред не знае за пораз

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 1,223 пати.



Екипата на Лабуништа е вистински хит во Втората лига - Запад, затоа што дури 14 натпревари во низа не знае за неуспех.

 Тимот покажа допадливи игри, а во последното коло на домашен терен го совлада Еуромилк со убедливи 3-1 (1-0). Два гола во победата даде Климе Далчески, а Пајазит Салиу додаде уште еден во противничката мрежа.

Последниот неуспех Лабуништа го доживеа на 1 октомври, кога загуби од Локомотива со 0-3.
Оттогаш, тимот има осум победи и шест нерешени средби, резултати кои му донесоа приклучок на врвот.

 

Извор: www.gol.mk


[назад]
loading...
Коментари