Лабуништа го мерка првото место во Втората лига - Запад

Недела, 04 Ное 2018 | Прочитано 330 пати.


Денеска во Струга (13:30 ч), Лабуништа го дочекува тимот на Скопје, во случај на триумф овој тим ќе избие на чело на табелата во западната конкуренција.


Лабуништа денеска е на потег. Имено во петтиот и последен меч од 12. коло, екипата од Лабуништа во Струга, како домаќин го дочекува тимот на Скопје. Натпреварот почнува во 13:30 часот, и во случај на победа, тогаш со трите бода Лабуништа ќе има 23, еден повеќе од Струга Трим Лум, и по 12. коло ќе го запоседне врвот на табелата во Втората лига - Запад.


Секако дека ова е мотив повеќе за „бомбардерот Клечкароски и неговиот соиграчи. Инаку вчера се одиграа останатите мечеви од ова коло во Втората лига - Запад.


извор:sportmedia.mk


[назад]
loading...
Коментари