Лабуништа и се е можно: Клечкароски му пресуди на Генч Калемлер

Понеделник, 17 Сеп 2018 | Прочитано 1,921 пати.

Се одигра и последниот петти натпревар од четвртото коло во Втората лига - Запад, составот на Лабуништа на домашен терен минимално со 1:0 го совлада Генч Калемлер.


Во 18. минута се случи клучниот дел од средбата, голема радост за фудбалерите на Лабуништа кои дојдоа до победата благодарение на Игор Клечкароски кој беше прецизен од пенал.


Со овие три бода освоени на теренот во Струга, Лабуништа сега се наоѓа на третата позиција и се израмни токму со Генч Калемлер моментно на табелата.


Табела: Струга 10 бодови, Гоблен 8, Лабуништа 7, Генч Калемлер 7, Велазерими 6, Гостивар 6, Скопје 4, Кораби 4, Пелистер 2, Тетекс 1.






[назад]
loading...
Коментари