Лабуништани после фер и коректен и добро одигран натпревар загуби кај Макеоднија Ѓ.П.

Среда, 25 Апр 2018 | Прочитано 1,932 пати.

Денес на натпреварот од 23-то коло на втората македоноска лига запад во одличен одигран натпревар екипата на ФК Лабуништа го доживеа третиот пораз иако со голот на Милевски во 25 минута поведоа со 0:1.


После водството следеа неколку добри прилики на Салиу и Милески за зголемување на резултатот, но наспроти тоа беа изведени котра напади кои доведоа до израмнување на резултатот на 1:1 со кој се замина на одмор.


Во вторто полувреме домашните сепак ја презедоа иницијативата и во 47 минута со погодокот на Тантуровски поведоа со 2:1.


Во продолжение имаше шанси на обете страни меѓутоа при еден несреќен фаул домашните од 11 метри зголемија на 3:1.


При крајот на натпреварот во 86 минута со голот на Реџепи Лабуништани намалија на 3:2. Во самиот финиш следуваше уште една шанса за изедначување но топката помина блиску стативата со што за накрај резултат да остане 3:2 за домаќинот.


Лабуништани сепак им ја честита победата и задоволни од одличниот дочек и однос на домашната екипа им посака успех понатака.


Исто така големи пофалби до судиската четворка која одлично го одсуди овој натпревар.



[назад]
loading...
Коментари