Лацио го „тресна“ Марсеј и испиша историја во Лига Европа

Петок, 09 Ное 2018 | Прочитано 116 пати.

Италијанскиот гигант Лацио, синоќа славеше на дербито на колото во Лига Европа против Олимпик Марсеј со 2-1, со што обезбеди елиминациона фаза во најмасовното натпреварување на УЕФА. 


Но, овој успех на Лацио му донесе и место во историјата на Лига Европа, бидејќи стана четврти клуб во овој формат на лигата, кој стигнал до фантастичната бројка од 100 погодоци. 


Сега, римјани влегоа во друштво на двата шпански клуба Виљареал и Атлетик Билбао, како и австриски Ред Бул Салцбург, кои исто така ја минале границата од 100 гола. 

[назад]
loading...
Коментари