Леброн со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси до триумф над Њу Орлеанс

Сабота, 22 Дек 2018 | Прочитано 82 пати.

ЛА Лејкерс утрово се вратија на победнички патеки, Леброн Џејмс со трипл-дабл ги предводеше „Езерџиите" до триумф од 112-104 над Њу Орлеанс.

По двата порази на гостински терен, ЛА Лејкерс утрово го искористи домашниот терен за да забележи победа. Леброн Џејмс ја доби битката со Ентони Дејвис, и ги предводеше „Езерџиите“ до триумф од 112-104.

„Кралот“ поради настинка беше под знак прашалник, но истрча на паркетот и пружи одлична партија која ја заврши со трипл-дабл учинок од 22 поени, 14 асистенции и 12 скокови.

Ентони Дејвис исто така имаше одличен натпревар со 30 поени и 20 скокови, но тоа не беше доволно за „Пеликаните“ да слават.

Милвоки забележа голема победа од 107-120 на гостувањето кај Бостон, додека пак лидерот на Истокот, Торонто рутински славеше против Кливленд со 126-110, додека пак Сан Антонио ја забележа седмата победа на последните осум меча откако ја доби пресметката со Минесота со 124-98.

НБА резултати:

Шарлот - Детроит 98:86
Торонто - Кливленд 126:110
Бруклин - Индијана 106:114
Њујорк - Атланта 107:114
Бостон - Милвоки 107:120
Чикаго - Орландо 90:80
Сан Антонио - Минесота 124:98
Портланд - Јута 90:120
Сакраменто - Мемфис 102:99
ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 112:104

[назад]
loading...
Коментари