Леонардо и Милан подготвуваат нова „бомба“ од 120 милиони евра?!

Сабота, 04 Авг 2018 | Прочитано 528 пати.

Откако ги донесе Гонзало Игуаин и Матија Калдара на Сан Сиро, Леонардо нема намера да запре, новиот директор на Милан работи на нова „бомба“ и ангажман на Сергеј Милинковиќ Савиќ.


„Росонерите“ планираат да донесат засилување за средниот ред, а Леонардо сака да приреди нова „бомба“ и целата е Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.


Клаудио Лотито бара преку 100 милиони евра за својата млада ѕвезда, и Милан има формула како да го задоволи првиот човек на „Бјанкочелестите“ но и правилата на УЕФА за Финансиски фер плеј.


Клубот од Сан Сиро е подготвен да одвои 40 милиони евра (или 20 милиони плус услугите на Џакомо Бонавентура) за едногодишна позајмица на СМС и следното лето со додатни 80 милиони евра во целост да го купи играчот.


Според Тутоспорт и Ла Стампа, два весника блиски до Јувентус кој исто така подолго време го мерка Србинот, Леонардо наскоро ќе се сретне со Матеја Кежман, агентот на Милинковиќ Савиќ.


Зделката воопшто не е лесна па Милан разгледува и други опции како Матео Ковачиќ од Реал Мадрид, и Адриен Рабио од ПСЖ.


 

[назад]
loading...
Коментари