Лос Анџелес Лејкерс го потврди ангажманот на Леброн Џејмс

Вторник, 10 Јул 2018 | Прочитано 79 пати.

Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс го потпиша најавениот договор со Лос Анџелес Лејкерс, според кој за четири години ќе заработи 153 милиони долари.


„Лос Анџелес Лејкерс потпиша со Леброн Џејмс, поради клупската политика деталите од договорот нема да бидат објавени“, стои во соопштението на клубот.

„Денеска е голем ден за Лејкерс и фановите во целиот свет, му кажуваме добредојде на Леброн Џејмс, трикратниот шампион на НБА и четирикратниот добитник на МВП наградата“, вели претседателот Меџик Џонсон.

„Леброн е посебен. Тој е најдобриот играч во светот. Сака да се натпреварува и е неверојатен лидер кој сака само да победува и сака неговите соиграчи да бидат успешни. Играчите на Лејкерс се возбудени што за соиграч ќе имаат кошаркар кој девет пати бил дел од НБА финалињата. Ова е голем чекор напред кој враќање на Лејкерс во плејофот и финалињата на НБА“.


 

[назад]
loading...
Коментари