Македонија остана на 77. позиција на ФИФА листата

Четврток, 17 Мај 2018 | Прочитано 58 пати.

Македонската фудбалска репрезентација остана на 77. место на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.


Од противниците на „црвено-жолтите“ во групата од Лигата на нации, најдобро котира Ерменија (98. место), Лихтенштајн е 181-ви, а Гибралтар се наоѓа на 196-тото место.


Лидер е Германија пред Бразил и Белгија. По нив во ТОП 10 следуваат: Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.


Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 7 јуни.

[назад]
loading...
Коментари