Манчестер Сити ја прославува титулата на „Олд Трафорд“? Имаме поважни работи од тоа

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 246 пати.

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа го совладаа Стоук во Премиер лигата со 2:0, а бидејќи по 30. коло имаат 16 бода повеќе од градскиот ривал Јунајтед, токму против „Црвените ѓаволи“ на 7. април би можеле да дојдат до титулата.


Додека Винсент Компани изјави дека нема ништо против од освојување на титулата токму против Јунајтед, неговиот тренер, Пеп Гвардиола не сакаше да зборува за таа преспектива. Пред тоа, „Граѓаните“ мораат да го победат Евертон, а ги очекува и ждрепката за четвртфиналето во Лигата на Шампионите.


„Сакаме да бидеме шампиони во Премиер лигата. Но, верувајте ми, пред и по Јунајтед имаме натпревари во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, така да, најважно е фокусот на тоа. Ги разбирам навивачите, но најважно е да бидеме шампиони. Кога и каде, не е битно“, изјави Пеп.


Екипата на Манчестер Сити по натпреварот со Стоук отиде на аеродромот и се упати кон Обединетите Арапски Емирати, каде што ќе има мал одмор.


„Имаме три слободни недели, идеме во Абу Даби и ќе се вратиме уште постилни. Зимата беше тешка, па се радуваме на убавото време“, додаде Шпанецот.

[назад]
loading...
Коментари