,,Марка”: Енрике ќе биде новиот човек на чело на шпанската репрезентација

Понеделник, 09 Јул 2018 | Прочитано 200 пати.

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике според шпанска ,,Марка” од денес седнува на жешкото столче на ,,Фуријата”. Оваа информација се потврди со тоа што во текот на вчерашниот ден, Фернандо Јеро, кој ја предводеше селекцијата на Шпанија на Мундијалот во Русија си даде неотповиклива оставка на селекторското место.


Приказната со Енрике започнува токму поради тоа што тој е производ на шпанскиот фудбал и целата своја кариера ја помина во шпанските тимови Реал Мадрид и Барселона. Имаше можност да биде и тренер на Барселона три сезони од 2014 до 2017 година, а во моментов е без ангажман.


Од Енрике се очекува да ја врати Шпанската репрезентација на старите победнички патеки, како тоа што го направи Луис Арагонес, со кого освоија Европско првенство во 2008 година и Светско првнество во 2010 година. Што се однесува до Јеро, тој од Федерацијата добил понуда да остане директор на репрезентацијата,но, не ја прифатил.

[назад]
loading...
Коментари