Марко Нелоски ќе заигра за Струга

Понеделник, 06 Авг 2018 | Прочитано 169 пати.

Еден од најперспективните македонски играчи, Марко Нелоски (22), е пред враќање на теренот по долгата рехабилитација од операцијата на коленото, заработена уште во февруари.


Паузата што германските доктори ја предвидоа беше осум месеци, а опериран беше менискус и лигаменти. Договорот со Кобург не му беше продолжен и Нелоски се врати во Македонија.


Неговиот матичен клуб, Струга е екипата што го враќа во своите редови и ќе му овозможи враќање на терен, минутажа и третман каков што ќе му биде потребен за комплетно враќање во игра.


На терен би требало да се врати во октомври, што се поклопува со прогнозите на германските доктори. Ако се оди како што треба, тогаш до крајот на годината би требало да биде во препознатлива форма. Сигурни сме дека одново ќе биде кандидат за репрезентативниот дрес, а штом ја врати потребната форма, ќе биде огромно засилување за струшката екипа.


Извор и фото: g-sport.mk

[назад]
loading...
Коментари