Mарсело стави точка на шпекулациите: Мадрид е мој дом!

Четврток, 06 Сеп 2018 | Прочитано 256 пати.

Откако Кристиано Роналдо направи трансфер во редовите на Јувентус, на големо започна да се пишува дека по неговите стапки ќе тргне и Бразилецот, Марсело.


Денес во реномираниот „АС“ се појави изјава од бразилскиот фудбалер во која остро ги демантира таквите најави и порачува дека ќе остане во Реал до крајот на неговата кариера.


„Среќен сум во Мадрид, сите кои ме познаваат знаат дека ова место е мојот дом. Се уште има важечки договор и за мене ова е најдобриот клуб во светот. Гласини секогаш имало и ќе има, на социјалните мрежи често пати се пишуваат работи кои немаат врска со реалноста. Што е до мене јас би останал тука до крајот на својата кариера“, изјави Марсело и така стави крај на шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Италија.


Марсело има 30 години и во Реал пристигна уште во 2007 година од бразилскиот Фламиненсе, за „кралевите“ одигра 323 настап и постигна 23 погодоци.


[назад]
loading...
Коментари