Мекгрегор се враќа во октагонот за ММА спектакл, Ирецот ќе го предизвика Нурмагомедов!

Сабота, 04 Авг 2018 | Прочитано 201 пати.

УФЦ 229 веројатно ќе биде најголемата и најпродаваната битка во историјата, главна борба ќе биде дуелот на лутите ривали Конор Мекгрегор и Хабин Нурмагомедов.


Конор Мекгрегор по речиси две години ќе се врати во октагонот, и ќе атакува на титулата во лесна категорија која ја загуби откако реши да направи пауза и да се фокусира на борбата со Флојд Мејведер.


Ирецот ќе влезе во кафезот за да се пресмета со лутиот ривал Хабиб Нурмагомедов, кој го наследи Конор Мекгрегор како УФЦ шампион во лесна категорија.


Популарниот „Ноториус“ и непоразениот Русин ќе ги одмерат силите на УФЦ 229 во Лас Вегас на 6. октомври, и ова веројатно ќе биде најголемата и најпродаваната битка во историјата.


Ривалството помеѓу двајцата борачи кулминираше во април оваа година кога Конор Мегрегор непоканет се појаив на УФЦ 223 во Барклис Центарот за да се пресмета со Хабиб Нурмагомедов, а откако не успеа во намерата го нападна автобусот во кој беше Русинот заедно со уште неколку ММА борци.

[назад]
loading...
Коментари