Минималниот триумф кај Севиља е најдобриот меч според Зидан од неговото враќање во Реал Мадрид?

Понеделник, 23 Сеп 2019 | Прочитано 98 пати.

Францускиот стратег од клупата на „Кралевите“ се обидува да ја подигне самодовербата во својот состав, па така упати серија пофалби до неговите избраници по минималниот триумф во дербито на колото во Примера кај дотогаш водечката на табелата, Севиља.


Реал Мадрид се врати по шокот кој го доживеа на гостувањето кај ПСЖ (3-0) во првото коло од Лигата на шампионите, каде освен поразот, тимот на Зинедин Зидан не успеа да забележи ниту обид во рамките на противничкиот гол.


„Кралевите“ синоќа триумфираа минимално на гостувањето кај Севиља, а кој друг ако не Бензема ги донесе трите бода за шпанскиот гигант во дербито на колото во Примера изминатиов викенд.


Зидан не ги криеше импресиите од изданието на перформансите на своите избраници, а додаде дека тоа било најдобриот меч од неговото враќње на клупата на „Кралевите“ уште во март годинава.


„Прво, среќен сум, имавме неверојатни перформанси во сите 90 минути на теренот, морам да им честитам на моите фудбалери, ова беше колективна победа и среќен сум за сите“ рече Зидан.


„Ова е натпревар кој најмногу ме задоволува од моментот кога се вратив, сите на теренот помогнаа да се оствари оваа победа, имавме тешки моменти, но потребна беше солидарност во едни вакви моменти, треба да играте добро цели 90 минути за вакво издание“ додаде францускиот стратег.


Бензема повторно донесе победа за Реал Мадрид, а францускиот напаѓач во моментов е најдобар стрелец во Примера со пет погодоци.


„Тој повторно ни донесе победа, но истото го сторија и останатите играчи, сите имаа важна улога во оваа победа, се браневме добро и го прочитавме мечот одлично што се однесува на тактички план“ вели Зидан.


Азар, Бејл и Родригез исто така добија преодни оценки од дербито, тие освен што имаа офанзивни, исто така имаа и дефанзивни задачи, па често се забележуваше како помагаат назад на своите соиграчи.


„Знаеме дека можеме да створиме шанси, но, сечија работа и помош во дефанзивна улога е клучот до победата, овие тројца сторија многу во одбраната, беше тежок меч, меѓутоа сите учествуваа на одличен начин во него“ заклучи Французинот.

[назад]
loading...
Коментари