Младиот Турчин во Македонскиот состав најголема опасност кон голот на Словенија

Сабота, 23 Март 2019 | Прочитано 472 пати.

Пред утрешната пресметка во рамките на второто коло од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020 словенечките медиуми го потенцираат Елиф Елмас како најголема опасност по голот на нивната репрезентација, момче кое може да ги запре на патот до посакуваните три бода. Се разбира, сето тоа темелено на неговата досега најдобра партија во репрезентативниот дрес, во триумфот од 3-1 против Летонија...

„Се работи за еден од најголемите фудбалски таленти во Европа. Членот на Фенербахче има огромен потенцијал во себе, фудбалска луцидност со која едноставно човек се раѓа. Македонците го гледаат како наследникот на Горан Пандев, а европските клубови уште од сега силно се заинтересирани за неговите услуги. Неговата моментална проценета вредност на пазарот е 7,5 милиони евра, иако факт е дека цената ако се гледаат неговите само 19 години уште многу ќе расте. Словенија треба на утрешниот натпревар да внимава на овој млад Турчин кој самиот потенцира дека е горд Македонец“ - пишува словенечка „Екипа“.

Елмас се очекува утре да биде во стартниот состав на Игор Ангеловски за пресметката против Словенците. На натпреварот против Летонија во игра влезе во 23. минута на местото на повредениот Ферхан Хасани, на кого нема да се смета и за натпреварот во Љубљана.


[назад]
loading...
Коментари