Модриќ го продолжил договорот со Реал

Четврток, 23 Мај 2019 | Прочитано 150 пати.

Уште еден од асовите на Реал Мадрид, чии имиња се споменуваат за напуштање по крајот на сезоната, го продолжи договорот со клубот. Тоа е носителот на „Златната топка“ за минатата година Лука Модриќ, кој се договори да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни 2021 година.

Така тој додава една година на сегашниот договор и става крај на шпекулациите дека не спаѓа во плановите на тренерот Зинедин Зидан и планира да напушти во насока Интер. Официјалното потпишување на договорот се очекува да се случи до крајот на месецот.

Хрватот, кој по неколку месеци ќе наполни 34 години, не беше во најдобра форма во текот на изминатата кампања. Но сите го оддадоа тоа на тешкото лето, во кое стигна до финалето на Светското првенство во Русија со националниот тим на својата татковина, и немаше доволно време за одмор.

Сега меѓутоа плановите на полудефанзивецот се сосема различни, тој ќе има доволно време да се опорави и да ја поврати формата, а доказот дека клубот верува во него е фактот дека му го продолжи договорот до 2021 година, кога веќе ќе биде 36-годишен.

[назад]
loading...
Коментари