На секоја минута Јувентус продава по еден дрес на Роналдо

Четврток, 12 Јул 2018 | Прочитано 475 пати.

Најновата инвестиција на Јувентус, Кристијано Роналдо веднаш почна да ги враќа парите вложени во него. Италијанскиот шампион продава по еден дрес на секоја минута и се очекува бројот на продадени дресови со името на Португалецот да достигне еден милион.


Просечната цена на дресот со „7-мицата“ е 100 евра.


 


Роналдо пред два дена потпиша за Јувентус каде дојде од Реал Мадрид во трансфер вреден околу 112 милиони евра.

[назад]
loading...
Коментари