НАДАЛ: Не ни сонував дека 11 пати ќе го освојам „Ролан Гарос“

Понеделник, 11 Јун 2018 | Прочитано 248 пати.

Првиот светски рекет Рафаел Надал, беше пресреќен по денешниот триумф во „Ролан Гарос“. Тој по 11. пат победи на престижниот Грен слем, нешто за кое рече дека не можел ниту да го замисли.


– За вакво достигнување не ни сонував. Да се победи 11 пати на „Ролан Гарос“е нешто што е неможно ниту да се замисли , а камоли да се постигне. Навистина овој резултат е подвиг. Не можам да опишам како се чувствувам, изјави Надал.


Покрај 11 трофеи на „Ролан Гарос“ тој има исто толку титули и во Барселона и Монте Карло и е единствениот тенисер со такви достигнувања на турнири од три различни категории.


Надал во финалето со убедлив 3-0 го победи Доминик Тим.



 

[назад]
loading...
Коментари