НБА: Бостон го доби дербито на Истокот благодарение на 43-те поени на Ирвинг

Сабота, 17 Ное 2018 | Прочитано 107 пати.

Феноменалната партија на Кајри Ирвинг му помогна на тимот на Бостон Селтикс да дојде до триумф во дербито на Источната конференција против Торонто Репторс. Тој синоќа постигна 43 поени и со забележа најголем број поени на еден натпревар од оваа сезона. Ако се земе предвид дека тој шутираше крајно ефикасно од поле (69%) и имаше 11 асистенции, тогаш мора да го сметаме Ирвинг за најодговорен за победата на Селтикс.
Покрај Ирвинг, уште неколку играчи од поставата на Селтикс синоќа одиграа одличен натпревар. Веќе станува вообичаено Џејсон Тејтум да биде еден од главните играчи на Селтикс, па така беше и синоќа, кога постигна 21 поен од само 13 шутеви кон противничкиот кош. Гордон Хејворт додаде 15 поени, додека Морис постигна 11 поени од клупата.



Во противничкиот состав на Репторс најдобар поединец беше Кавај Ленард, кој забележа 31 поен и 15 скока, но сепак не успеа му донесе победа на гостинскиот тим. Сите стартери на Репторс постигнаа двоцифрен број поени, а посебно импресивен беше Серж Ибака, кој вечерта ја заврши со 21 поен.

Останати резултати:

Индијана Пејсерс – Мајами Хит 99:91

Филаделфија Севентисиксерс – Јута Џез 113:107

Вашингтон Визардс – Бруклин Нетс 104:115

Мемфис Гризлис – Сакраменто Кингс 112:104

Минесота Тимбервулвс – Портланд Трејл Блејзерс 112:96

Њу Орлеанс Пеликанс – Њујорк Никс 129:124

Милвоки Бакс – Чикаго Булс 123:104

[назад]
loading...
Коментари