НБА: Вориорс поразени во Минесота, голема вечер за Таунс

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 208 пати.

Синоќа во НБА лигата се одиграа 9 натпревари, а најголемото изненадување се случи во Минесота, каде домашниот тим на Тимбервулвс успеа да го совлада тимот на Голден Стејт Вориорс.


Уште во првиот натпревар на Голден Стејт Вориорс откако се повреди Стеф Кари, тие загубија од Минесота Тимбервулвс со резултат 109:103.


Карл-Ентони Таунс вчера го покажа она што многумина кошаркарски фанови го тврдат – дека тој треба да биде прва опција на екипата од Минесота, наместо Џими Батлер. Во негово отсуство, Таунс забележа 31 поен и 16 скока, со што беше најзаслужен за победата на Тимбервулвс во домашниот натпревар против шампионот Голден Стејт Вориорс. Голема помош доби и од Ендру Вигинс, кој постигна 23 поени. Своите први поени во дресот на Тимбервулвс ги постигна Дерик Роуз, кој остана на само 2 поени во вечерта.


Тимот на Вориорс беше предводен од Кевин Дурент, кој постигна 39 поени и притоа забележа 12 скока, беше прилично неефикасен со шутот од поле бидејќи погоди само 11 од 32 обиди. Солиден беше и Клеј Томпсон, кој постигна 21 поен, а изненадувачки добра партија имаше и Заза Пачулија, кој забележа еден од ретките дабл-дабл учиноци во последните неколку сезони со 16 поени и 11 скока. Сепак, очигледно беше отсуството на Стеф Кари, не само заради поените, туку и заради недостатокот на креација во тимот.



Останати резултати:


Њујорк Никс – Торонто Репторс 132:106


Атланта Хокс – Чикаго Булс 122:129


Њу Орлеанс Пеликанс – Јута Џез 99:116


Денвер Нагетс – Сакраменто Кингс 130:104


Далас Маверикс – Хјустон Рокетс 82:105


Бостон Селтикс – Индијана Пејсерс 97:99


Бруклин Нетс – Филаделфија Сиксерс 97:120


Лос Анџелес Лејкерс – Кливленд Кавалирс 127:113

[назад]
loading...
Коментари