Нејмар се испокарал со сите и им соопштил на челниците на ПСЖ дека нема намера повторно да заигра за клубот

Петок, 21 Јун 2019 | Прочитано 164 пати.

Заминувањето на бразилскиот фудбалер, Нејмар од редовите на ПСЖ е се поизвесно откако тој им кажал на челниците на клубот дека не планира уште еднаш да заигра во дресот на „светците“.


Имено, каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Нејмар уште од првите недели во Париз влегол во клинч со многу луѓе инволвирани околу клубот и во ниту еден момент по неговиот трансфер тежок 198 милиони фунти не се почувствувал добредојден на „Паркот на принцовите“.


Нејмар најпрво влезе во конфликт со Единсон Кавани, а потоа да се замери и со клупските доктори. Како капак на се дошла и расправијата со првиот човек на клубот, Насел Ал Келаифи, па сега неговото заминување е се поизвесно.


Се верува дека Нејмар ќе се врати во Барселона, а каталонскиот тим веќе ја подготвува понудата во која веројатно ќе го вметне и Фелипе Кутињо кој ќе стане вишок на „Камп Ноу“ со евентуалното доаѓање на Нејмар.

[назад]
loading...
Коментари