Нема одбрана за Харден, лекот за Леброн пронајден?

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 57 пати.

Џејмс Харден постигна 44 поени во победата на Хјустон против Минесота со 104:101, за водство во првото полеј-оф коло со 1:0. Оклахома поведе против Јута со 1:0 по триумфот со 116:108, во кој што Пол Џорџ постигна 36 поени.


Во Западната конференција, Голден Стејт води против Сан Антонио, а Њу Орлеанс против Портланд, по првото плеј-оф коло од тековната сеозона во најквалитетната кошаркарска лига.


Виктор Оладипо имаше 32 поена во најголемото изненадување сезонава, победата на Индијана кај Кливленд со 80:98. Тоа беше прв пораз во првата рунда за Кавалирс, по 8 години, одосно прв пораз во првото коло за Леброн Џејмс.


Ал Хорфорд имаше 24 поени со 12 скока, во победата на Бостон против Милвоки со 113:107 по продолжението, откако Крис Мидлтон постигна неверојатна тројка пред истекот на регуларниот дел од времето.


Во Источната конференција, Филаделфија води против Мајами со 1:0, односно Торонто против Вашингтон со истиот резултат.

[назад]
loading...
Коментари