Непобедливиот Нурмагомедов најави: Нема уште многу долго да се борам во УФЦ!

Понеделник, 02 Сеп 2019 | Прочитано 545 пати.

Непобедливиот Хабиб Нурмагомедов, кој нема пораз во ултимејтфајт и лани ја освои титулата во својата категорија во епската пресметка со ирскиот чаламџија Конор Мекгрегор најави дека нема уште многу да се бори во октагонот и серијата на УФЦ.


Нурмагомедов в сабота ќе има прв предизвик после речиси цела година пауза (во неа и суспензијата од УФЦ за хаосот што го направи по триумфот над Ирецот) и ќе се судри со Поире. Хабиб има 31 година, а најави дека многу побрзо ќе ја заврши кариерата, зашто нема намера да се бори до 40 години.


„Нема одма да одам во пензија, уште сум млад, но веќе со години сум првак и немам многу борби пред себе, а тоа што е јасно е дека до 40 години не планирам да се борам. Тоа не е мојот план. Јас пред конечно да решам кога ќе одам во пензија прво ќе разговарам со мојот татко, со мојот тренер Хавиер Мендес, со своите браќа... Таа одлука нема да ја донесам сам. Сега сум фокусиран на следната борба, во мене има уште оган, но...“, вели Нурмагомедов.

[назад]
loading...
Коментари