Незапирливиот Портланд го совлада шампионот Голден Стејт

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 78 пати.

Кошаркарите на Портланд Трејлблејзерс на домашен терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со резултат од 125:108 и ја впишаа деветата победа во низа.
Портланд имаше контрола на натпреварот уште од самиот почеток, а во втората четвртина постигна двоцифрена предност.
Меѓутоа гостите напаравија пресврт и пред крајот на третиот дел поведоа со 83:77.
Потоа уследи серија на Портланд со што остварија недостижна позитива од плус 11 поени.
Кевин Дурент имаше одлична партија и реализираше 40 поени, но тоа не им помогна на Голден Стејт да остварат победа.
Трејлблејзерс сега се трети на Западната конференција со 40 победи и 26 порази, а Вориорс се втори со 51-15.

[назад]
loading...
Коментари