Нов трипл-дабл на Дончиќ, Словенецот продолжува да руши рекорди

Четврток, 07 Фев 2019 | Прочитано 197 пати.

Лука Дончиќ го постигна својот трет трипл-дабл оваа сезона и стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој три пати стигнал до таков учинок.
Далас со 99:93 го победи Шарлот, а во главната улога повторно беше Лука Дончиќ. Тој оствари нов трипл-дабл, трет за него во дебитантската сезона, постигна 19 поени, имаше 10 скока и 11 асистенции.
 
Леброн Џејмс својот трет трипл-дабл го направи на 20 години и 100 дена, на Дончиќ тоа му успеа на 19 години и 343 дена.
 
Интересно, во НБА лигата досега тинејџерите успеале да направат вкупно четири пати трипл-дабал, а дури три од нив се дело на Лука Дончиќ.
 



 Резултати:
 
Бруклин - Денвер 135:130
Чикаго - Њу Орлеанс 120:125
Милвоки - Вашингтон 148:129
Далас - Шарлот 99:93
Јута - Феникс 116:88
Сакраменто - Хјустон 101:127
Голден стејт - Сан Антонио 141:102

[назад]
loading...
Коментари