Нови проблеми за организаторите, одложен и велеслаломот

Понеделник, 12 Фев 2018 | Прочитано 196 пати.

Нема крај на проблемите за натпреварувачкиот дел во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Поради силниот ветар и ниските температури, по машкиот спуст беше откажан е и женскиот велеслалом.


Брзината на ветерот денеска изнесувала и од 80 километри на час, a температурата и до – 20 степени Целзиусови, поради што организаторите едноставно не ни помислуваа на било каков натпревар. Исто како и спустот, и велеслаломот сега е презакажан за 15. февруари во четврток. Според новиот распоред на организаторите првата трка од женскиот велеслалом ќе биде од 01:30 часот по македонско време на 15. февруари, од 03 часот ќе биде машкиот спуст, а од 5:15 часот и втората трка од велеслаломот за жени. Според распоредот, следната скијачка трка на ЗОИ треба да биде денеска, машката комбинација, доколку и за тоа има услови.

[назад]
loading...
Коментари