Нурмагомедов се повлекува од УФЦ борбите

Петок, 13 Сеп 2019 | Прочитано 854 пати.

Лесно може да се случи УФЦ борбите да останат без моментално најатрактивниот борач Хабиб Нурмагомедов. Неговиот татко Абдулманап кој е и негов агент најави дека Хабиб може да ја заврши кариерата после двете борби кои се закажани.


ФЦ борачот посакува кариерата да ја заврши во Москва пред своите гледачи и полни трибини против Конор МекГрегор. Првата нивна борба предизвика големо внимание поради препукувањето а и инцидентите после борбата во и надвор од октагонот.



  • Ако ги победи следните две борби Хабиб ќе стигне до 30-0, што мислам дека е доволно за еден борач. Тој посакува крај пред полни трибини во Москва. – изјавил неговиот татко.


Следна борба за Нурмагомедов треба да биде средбата со Тони Фергусон а јубилејната 30-та против МекГрегор.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари