Почесен круг на шампионската генерација ’91: Панчев, Најдоски и екипата пред фановите на Црвена Звезда

Четврток, 06 Сеп 2018 | Прочитано 133 пати.

Српскиот шампион Црвена Звезда пред една недела одигра меч за историјата кадена гостувањето кај Салзбург успеа да направи реми и да обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.


Звезда која беше европски шампион од 1991 година, го прекина скоро 18-годишниот пост без учество во Лигата на шампионите. Во пресрет на групната фаза во Лигата на шампиони, Звезда ќе игра во групата Ц и ќе вкрсти со европските гиганти, ПСЖ, Ливерпул и Наполи.


Првиот дуел на домашен терен, ,,звездашите” ќе го играат против тимот на Наполи, а во чест на освоената европска шампионска титула, пред почетокот на мечот, легендарните фудбалери од шампионската генерација ,,1991 година” ќе истрчаат почесен круг.


На теренот ќе се појават македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдоски, едни од најзаслужните фудбалери кои го носеа дресот на таа генерација, која освои се што можеше да се освои.

[назад]
loading...
Коментари