Почнува новата сезона во Лигата на шампионите, овој пат во нови термини

Вторник, 18 Сеп 2018 | Прочитано 428 пати.

Денеска започнува групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите, за разлика од минатите години, термините сега се различни со цел да има повеќе преноси од елитното клупско натпреварување.


На чекањето му дојде крај, најквалитетното клупско фудбалско натпреварување стартува вечерва. 32 клуба поделени во осум групи ќе се обидат да ги остварат своите зацртани цели. На крајот еден ќе го крене пехарот со големи уши.

Главна новина од оваа сезона се термините направени за повеќе фудбал на тв, за жал прва МТВ нема да врши пренос од Лигата на шампионите, а ниту една друга македонска телевизија. Оние кои немаат Макс ТВ и Арена, ќе мора да се снаоѓаат на разни начини да изгледаат некој меч.

Првите натпревари во денот се во терминот од 18:55 часот, а вторите во 21 часот. Во првиот термин денеска има дерби дуел Интер го пречекува Тотнем, а тогаш ПСВ игра кај силната Барселона.

Најинтересен меч од терминот од 21 часот за публиката во регионот е мечот на Црвена звезда против Наполи, но дербито на денот се игра во Ливерпул кој ќе го нагости ПСЖ.

Според обложувалниците, главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона е Манчестер Сити, следува Барселона, а потоа се Јувентус и ПСЖ. Реал Мадрид кој три пати по ред го освојуваше ова натпреварување котира како петти фаворит, тоа е така поради заминувањето на двете клучни личности, Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан.

[назад]
loading...
Коментари