Поранешен атлетски шампион загина во сообраќајна несреќа

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 369 пати.

Поранешниот светски шампион на 400 метри со пречки, Нигериецот Николас Бет, го загуби животот во автомобилска нереќа. 28-годишниот атлетичар, кој е првиот од неговата земја со одличје на кратките делници, го управувал возилото.


Несреќата се случила во градот Нанди во северозападна Кенија. Веста ја соопшти неговото семејство, ја потврди полицијата, а потоа и атлетската федерација на земјата.


Во 2015 година, Николас Бет испиша историја освојувајќи ја титулата на 400 метри со пречки и стана првиот Кениец кој освоил планетарна титула на дистанца пократка од 800 метри.

[назад]
loading...
Коментари