Премиерлигашот постави цена: Познато е сумата која Челси ја бара за услугите на Азар

Вторник, 15 Јан 2019 | Прочитано 171 пати.

Еден Азар неколку години е најдобриот играч, „мотор“ на премиерлигашот Челси, но по се изгледа ќе му дојде крајот на неговото патување со клубот од „Стемфорд Бриџ“.

„Сините“ досега одолеаа на сите понуди со јасна порака дека Азар не е за продажва, ама во исто време не успеаа да го убедат играчот да потпише нов договор или поточно сегашниот му истекува во 2020 година. Токму ова го става Челси во лоша позиција и се чини станува отворен за продажба на крилниот напаѓач.

Ова го тврдат медиумите на острвот, поточно „Телеграф“ кој пренесува дека клубот од Лондон ќе даде залено светло за трансфер на Белгиецот ако за него добие понуда од 112 милиони евра. Реал Мадрид беше најзагреан за него во изминативе преодни рокови, па воопшто нема да биде чудно ако европскиот шампион тргне во офанзива во летниот преоден рок по Азар осбено ако клубот не успее позитивно да ја реши оваа сезона.

[назад]
loading...
Коментари