Распродадена е „седумката“ на Роналдо

Петок, 10 Авг 2018 | Прочитано 157 пати.

Јувентус од доаѓањето на Кристијано Роналдо продал повеќе од 300.000 дресови со неговото име. Само во првите 24 часа од трансферот, „седумката“ на Роналдо биле продадени 250.000 дресови, а до денес се продадени уште 55.000 „седумки“ со името на Роналдо.


Како што пишува „Тутоспорт“, во специјализираните продавници повеќе нема дресови во продажба.


Новиот контингент ќе пристигне кон крајот на септември кога се очекува компанијата „Адидас“ да испорача доволна количина за сите заинтересирани купувачи.


Орогиналниот дрес на Јувентус за сезоната 2018/2019 се продава по цена од 104,95 евра, а оние што сакаат на дресот да ја имаат „седумката Роналдо“, мора да доплатат уште 40 евра.


Од продажбата најголем дел оди кај „Адидас“, техничкиот спонзор на клубот. Според „Тутоспорт“, Јувентус досега од продажбата на дресови со името на Португалецот има заработено 6,5 милиони евра.

[назад]
loading...
Коментари