Раул Гонзалес веќе не е селектор на македонските ракометари

Понеделник, 04 Фев 2019 | Прочитано 118 пати.

Раул Гонзалес и Ракометната федерација на Македонија спогодбено го раскинале договорот, по што шпанскиот стратег веќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација, објави РМФ.

„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се согласија околу прекинувањето на соработката. Би сакале да му се заблагодариме на “Ел команданте” за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“, се вели во соопштението од РФМ.

[назад]
loading...
Коментари