Реал Мадрид се враќа во игра за Нејмар

Среда, 10 Јул 2019 | Прочитано 97 пати.

Преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ за трансферот на Нејмар не одат во позитивен правец за шпанскиот шампион. „Светците“ не се премногу расположени да го продадат Бразилецот назад на „Камп Ноу“.


Реал Мадрид се враќа во трката за потписот на Нејмар, пишува шпански „Спорт“. Флорентино Перез ќе се обиде да го искористи фактот дека Барселона и ПСЖ се во лоши односи за да го убеди Нејмар да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.


Барселона има проблем да собере пари за Нејмар, кој би чинел 222 милиони евра, колку што и го продаде во ПСЖ пред две години, бидејќи тука е и трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Каталонците треба да платат 120 милиони евра и за Французинот.


Перез се обиде да го доведе Нејмар уште во 2011 година, но фудбалерот по две години потпиша за Барселона. Првиот човек на Реал Мадрид имаше уште еден неуспешен обид да го „украде“ Бразилецот во 2015 година, но и тоа заврши неуспешно.


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и нема простено на Барселона, што се обиде да им ги „украде“ Тијаго Силва, Маркињос, Марко Верати и Адриен Рабио, а секако тука е и поразот од 6-1 во четвртфиналето во Лигата на шампиони пред две години. Сигурно дека преговорите со Реал Мадрид би оделе многу поглатко.


Самиот Нејмар сака да си замине од ПСЖ, а тоа го потврдува и фактот дека во понеделникот не се појави на првиот тренинг на ПСЖ. Останува да видиме како ќе заврши и оваа „трансфер-сапуница“.

[назад]
loading...
Коментари