Реми на Лабуништа во Гостивар

Четврток, 08 Ное 2018 | Прочитано 361 пати.

Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Генч Калемлер и Лабуништа која означи почеток на возбудувањата во 13-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.


Со ремито фудбалерите на Лабуништа ја продолжија серијата без пораз и за уште еден бод го зголемија контото на врвот од табелата.


Лабуништа лидер во второлигашкото друштво ќе остане најмалку до сабота и недела за кога се закажани преостанатите мечеви од 13-та рунда.


Двојки: Струга Трим Лум – Пелистер, Скопје – Кораб, Тетекс – Велазерими, Гоблен Јуниор – Гостивар.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари